Баерн со пресврт го победи Мајнц, кикс на Борусија Дортмунд во Бохум

Баерн Минхен го искористи киксот на Борусија Дортмунд и стекна шест бода пред „милионерите“, на челната позиција. Баерн, со пресврт, го победи Мајнц во 15.коло, додека Борусија одигра 1:1 во Бохум.

Баерн, со пресврт во второто полувреме, успеа да го победи Мајнц. Гостите водеа со голот на Онисиво, а во вториот дел головите за Баерн ги постигнаа Коман и Мусијала.



Борусија Дортмунд спаси бод во Бојум со голот на Бранд во 85.минута. Бохум водеа од 40.минута со голот на Полтен.

Хофенхајм во Фрајбург го добија дуелот за четвртото место. Победата 2:1 ја обезбедија со голот на Ричардс во 94.минута. Хофенхајм сега се четврти со 26 бода, еден повеќе од Фрајбург.

Во ова коло лесни победи забележаа Херта и Лајпциг. Херта со 2:0 ја победи Арминија, а Лајпциг со 4:1 славеше во дуелот со Борусија Менхенгладбах.

Текстот Баерн со пресврт го победи Мајнц, кикс на Борусија Дортмунд во Бохум е превземен од МАКФАКС.