Барди стартер, неговите Леванте „потопени“ од Гранада

Леванте на Енис Барди останува единствениот клуб во Ла лига без победа, откако дома беа декласирани од Гранада со 0:3 во меч во кој македонскиот репрезентативец повторно беше стартер.

Поразот го остава клубот од Валенсија на претпоследното место на табелата со 6 поени, колку што има и последниот Хетафе и веќе 4 поени од зоната за испаѓање во проблематична сезона за клубот.

Херман Санчез уште во седмата минута го донесе андалузискиот клуб во водство, пред Луис Суарез (Колумбиецот не Уругваецот) во 38. минута да зголеми на 2:0. Секоја надеж за камбек беше уништена во 69. минута, кога нововлезениот Антонио Пуертас даде уште еден гол.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Барди стартер, неговите Леванте „потопени“ од Гранада е превземен од МАКФАКС.