Барса подготвиле необичен договор за Дембеле

Усман Дембеле сака да го продолжи договорт со Барселона. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната. Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, им наложил на клупските ченици да му го продолжат договорот на Дембеле.

Усман Дембеле, од доаѓањето во Барселона, во 2017 година, се мачи со повредите. За речиси четири сезони, Дембеле одиграл само 119 натпревари, 81 од нив во Ла Лига.

Шпанските медиуми, тврдат, дека планот на Барселона е да го плаќа Дембеле според учинокот, односно според бројот на одиграни натпревари. Прашање е дали францускиот репрезентативец ќе прифати ваков договор.

Дембеле, од почетокот на сезоната, има одиграно само неколу миниути, неодамна против Динамо во Киев, кога ја обнови повредата. Претходно се лечеше од повредата пет месеци.

Текстот Барса подготвиле необичен договор за Дембеле е превземен од МАКФАКС.