Барселона го сака Пауло Дибала на „Камп Ноу“

Каталонскиот гигант Барселона тргнува во офанзива за ангажман на ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала. Тој ќе го напушти клубот на крајот на сезоната како слободен агент откако денеска и дефинитивно пропаднала можноста за обновување на соработката.

Јувентус објави дека одлуката е донесена во интерес на клубот, а агентот на Дибала веќе има понуди од Интер, Тотенхем и од Њукасл.

Барселона одигра фантастично на „Ел Класико“ и го декласира Реал Мадрид, а тренерот Чави сака да го надгради тимот и со Дибала како замена за Дембеле.

Текстот Барселона го сака Пауло Дибала на „Камп Ноу“ е превземен од МАКФАКС.