Белата куќа испраќа 1.000 воени здравствени работници во болниците во САД

Уште 1.000 воени здравствени работници ќе бидат распоредени во шест американски држави за да помогнат во олеснувањето на работата во преполните болници поради зголемувањето на бројот на заразени со омикрон-сојот на коронавирусот во САД, пренесува „Ројтерс“.

Тимови од седум до 25 воени лекари, медицински сестри и друг персонал ќе бидат испратени во Њујорк, Њу Џерси, Охајо, Род Ајленд, Мичиген и во Ново Мексико за да ги поддржат одделенијата за итни случаи и да му овозможат на болничкиот персонал да обезбеди друга нега.

Бројот на пациенти во американските болници поради Ковид-19 достигна рекорд оваа недела. Минатата недела во САД беа хоспитализирани во просек 133.871 лице со Ковид-19.

Текстот Белата куќа испраќа 1.000 воени здравствени работници во болниците во САД е превземен од МАКФАКС.