Белград ќе добие улица со името на Мате Парлов

Белград ќе му оддаде почит на најуспешиот југословенски боксер на сите времиња, носителот на светска титула и олимписки шампион, Мате Парлов, откако Собранието на градот одлучи да именува улица со неговото име додека српската престолнина е домаќин на СП во бокс.

„Важно е со именувањето на улиците да се чуваат сеќавањата на големите спортисти и луѓе, а боксот е спортот што го покажува најдоброто во луѓето“, вели претседателката на Собранието, Андреа Радуловиќ.

Парлов, кој е роден во Сплит, по крајот на кариерата, живееше на Истра, каде што имаше кафеана, во која секогаш сите беа добредојдени. Иако Хрват по националност, тој секогаш го искажуваше својот космополитизам велејќи дека „не може да е националист бидејќи е светски шампион“.

Во аматерската кариера тој имаше 310 меча, од кои во 13 беше поразен, освои злато на ОИ во Минхен во 1972 година, пред во 1974 година да ја почне кариерата. Во 1976 година тој стана ВБЦ-светски шампион во полутешка категорија завршувајќи ја професионалната кариера со 24-2-3 скор. Тој е прогласен за најдобар хрватски спортист на 20 век, а почина во 2008 година.

Текстот Белград ќе добие улица со името на Мате Парлов е превземен од МАКФАКС.