Бензема стана рекорден француски стрелец, Вини со голчиште за победа за Реал

Карим Бензема и Винисиус Жуниор играат во фантастична форма, постигнувајќи по еден гол за Реал Мадрид да стигне до 2:1 победа над Севилја во дербито на 15. коло од шпанската Ла лига, за одвојување на четири поени на врвот на табелата во шпанската елита.

Рафа Мир го шокираше „Сантијаго Бернабеу“ за водство на тимот на нивниот поранешен тренер Хулен Лопетеги по само 12 минути игра, но за среќа во тимот на Карло Анчелоти е расположениот Бензема кој во 32. минута стрелаше за израмнување, што беше негов 16. гол во 18 меча за Реал оваа сезона. Ова беше 361. гол во клупската кариера на Бензема, со што тој го помина Тјери Анри како најдобар стрелец од Франција во клупскиот фудбал.

До крајот на мечот двете екипи имаа свои шанси, пред во 87. минута од мечот, Винисиус Жуниор да постигне прекрасен гол за 2:1 победа на „кралевите“. Мадрид остануваат први со 33 поени, по што следуваат Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад со по 29 поени, додека Севилја останува четврта со 28.

El golazo de Vinícius Júnior 😍#RealMadrid 2-1 #Sevilla #LaLiga 🇪🇦pic.twitter.com/T7acLCbmPC

— Bauti (@Bau_Nickk) November 28, 2021



(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Бензема стана рекорден француски стрелец, Вини со голчиште за победа за Реал е превземен од МАКФАКС.