БиХ фудбал – судија суспендиран по фотографија на која става пари в џеб!

Од Босна и Херцеговина ни доаѓа уште една бизарна ситуација – помошникот фудбалски судија, Захид Дједовиќ од Тузла е суспендиран и се соочува со казна откако на социјалните мрежи се појави фотографија како тој со насмевка на лицето зема 20 марки (10 евра) од еден навивач.

Комисијата на фудбалскиот сојуз на Кантонот Тузла одлучи да спроведе итна истрага за случајот и да покрене дисциплинска постапка.

Фотографијата е направена на неделниот меч помеѓу Добој Исток и Младост Пурачиќ, но контекстот и дали се работи за шега останува нејасно.

Текстот БиХ фудбал – судија суспендиран по фотографија на која става пари в џеб! е превземен од МАКФАКС.