Билд: Спречен четврт обид за убиство на Зеленски, уапсена група руски диверзанти

Запрен е четвртиот обид за атентат на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува Билд. Украинската контраразузнавачка служба спречи можен обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Група руски диверзанти, предводени од агент на тајната служба, е уапсена во градот Ужгород во граничниот триаголник меѓу Украина, Словачка и Унгарија, јави агенцијата „Униан“, пренесува Билд.

За една недела спречени се дури три обиди за убиство на Зеленски. Покрај нападот врз Зеленски во Киев, приближно 25 лица учествуваа во серија саботажни акти во владиниот округ и други делови на Украина. Тие се обидоа да се преправаат дека се припадници на територијалните единици на Украина и на тој начин да стигнат до Киев. Оваа информација не е официјално потврдена.

Според украинските информации, руските шпионски одреди од почетокот на војната неколку пати се обиделе да влезат во Киев и да го елиминираат претседателот.

Текстот Билд: Спречен четврт обид за убиство на Зеленски, уапсена група руски диверзанти е превземен од МАКФАКС.