Блинд: Ми пречи што многумина го отпишаа Ериксен

Фудбалскиот репрезентативец, Дејли Блинд пред две години доживеа вистинска траума кога при редовен медицински преглед му беше пронајдена срцева мана поради која мораше некое време да биде одвоен од зелениот терен.

Слично како и за Данецот, Кристијан Ериксен, и за актуелниот фудбалер на Ајакс и на репрезентацијата на Холандија тврдеа дека нема да продолжи со професионалната кариера, но 31-годишниот дефанзивец ги демантираше.

„Откако дозна за срцевата мана многумина ме отпишаа велејќи дека веќе нема да можам да играм фудбал. Гледајте каде сум сега. Ми пречи што многумина го отпишаа и Ериксен“ вели Блинд.

На Холанѓанецот му беше вграден апарат за автоматска реанимација во случај на срцев удар, слично како и кај Ериксен.

Блинд покрај Ајакс настапуваше и за Манчестер Јунајтед, а за „Орање“ настапи на 81 меч.

Текстот Блинд: Ми пречи што многумина го отпишаа Ериксен е превземен од МАКФАКС.