БНР: Нема промена на позицијата на Софија

Прашањето за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ на Северна Македонија и Албанија се дискутира на Советот за општи работи во Луксембург, што започна утрово.

Според извори на Бугарското национално радио (БНР), не се очекува промена во позицијата на Бугарија во однос на ветото.

„Бугарија останува во позиција дека нема напредок кај нашиот западен сосед во спроведувањето на договорот за добрососедски односи како целина“, пишува БНР.

Текстот БНР: Нема промена на позицијата на Софија е превземен од МАКФАКС.