Болт сакал да трча на ОИ во Токио

Најбрзиот човек во историјата, Јусеин Болт, открил дека сакал да се врати на тартанот на Олимписките игри во Токио, но се откажал од намерата бидејќи не добил поддршка од својот тренер Глен Милс.

Јусен Болт, како светски рекордер на 100 и 200 метри, кариерата ја заврши во 2017 година. Атлетичарот од Јамајка, во пензија замина како осумкратен олимписки и светски шампион.

„Сега е доцна за кам-бек“, рекол 35-годишникот.

„Кога му кажав на мојот тренер дека сакам да се пензионирам, тој ми одговори дека мора да биде така, дека не сака подоцна да се подготвува за кам-бек. Се сеќавам дека во 2019 година го прашав за мислење да се натпреварувам на ОИ во Токио. Ме погледна и ми кажа дека не треба да размислувам на таа тема. Го прифатив тоа. Му верувам, кога тој вели дека не треба да го правам тоа, тогаш и не треба да го правам. Но желбата и понатаму постои“.

Откако заврши со атлетиката, Болт имаше неуспешен обид да стане фудбалер. Сега се занимава со музика, истакнал дека сака да ја освои Греми наградата.

Текстот Болт сакал да трча на ОИ во Токио е превземен од МАКФАКС.