Борбата на македонските активисти против рудниците претставена на COP26 во Глазгов

На денешната дебата на Климатскиот самит на ОН во Глазгов – COP26, Лилјана Поповска од Зелениот институт ќе ја претстави повеќегодишната борба на македонските зелени активисти против отворање опасни рудници.

Како што објаснуваат од Зелениот институт, станува збор за студија на случај што резултирала со забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина и заштита на животната средина во региони со земјоделство и туризам.

Настанот е во организација на Зелената европска фондација (Green European Foundation), полската фондација „Зелена зона“ (Strefa Zieleni) и Глобалните зелени (Global Greens). Темата на настанот е: „Зелените во светот се борат за заштита на климата и биодиверзитетот“.

Лилјана Поповска е дел од официјалната делегација на Зелениот економски институт од Оксфорд, кој е редовен учесник на климатските самити на ОН и лобист за итна климатска акција и намалување на температурата на глобално ниво под 1,5 Целзиусов степен.

Текстот Борбата на македонските активисти против рудниците претставена на COP26 во Глазгов е превземен од МАКФАКС.