Брентфорд со драматична победа над Вотфорд во дербито на „пчелите“ и „стршените“

Брентфорд, новиот премиерлигаш, продолжи со импресивни победи во Англија, победувајќи го Вотфорд на Клаудио Раниери благодарение на гол од пенал во 95. минута од мечот во кој гостите-„стршените“ се судрија со домаќините-„пчелите“.

Вотфорд дојдоа во водство преку нигерискиот напаѓач Емануел Денис во 24. минута, за да ја продолжи формата која го прави мета на повеќе посилни премиерлигаши. Денис има четири гола и три асистенции во последните пет меча за Вотфорд оваа сезона. Но, домаќините успеаја да израмнат преку Швеѓанецот Понтус Јансон во 84. минута, пред во 94. минута да биде досуден пенал за Брентфорд, кои имаа повеќе од поседот и играта во текот на мечот, а Брајан Мбеумо беше сигурен од белата точка.

Брентфорд по одличниот старт на сезоната, сега се на 9. место со 20 поени, додека Вотфорд остануваат 17. со само три поени поени предност пред Барнли и Њукасл во зоната за испаѓање.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore



Текстот Брентфорд со драматична победа над Вотфорд во дербито на „пчелите“ и „стршените“ е превземен од МАКФАКС.