Бучковски: Треба да се отвори сериозна дебата во земјава за внесувањето на Бугарите во Уставот

/

Декември е последна шанса за оваа година за Северна Македонија да започне преговори со Европската унија, смета специјалниот пратеник Владо Бучковски.

„Мислам дека токму Заев е токму тој кој не доведе да бидеме толку близу до наоѓање компромисно решение и успеа да ја сврти поддршката на меѓунаордната заедница во изминатите 3 до 6 месеци да изврши исклучително голем притисок врз Бугарија“, истакна Владо Бучковски.

Бучковски смета дека оставката на Заев дополнителни ги комплицира работите со нашиот сосед. Верува дека ова е дополнителна инјекција и за оние кои биле најтврдокорните да започнат да размислуваат многу порационално.

„Ако е потроши еден ваков балканси политичар со европски манири и ако повторно во регионот дадеме простор да се враќаме назад во национализмите во поделбите, а да не гледаме напред мислам дека ќе имаме посериозни проблеми од колку што денес изгледа оставката на Заев од премиерската функција“, додаде Владо Бучковски.

Опозицијата е таа која треба да помогне во решавање на процесот со Бугарија, а Бучковски за Мицкоски вели дека по изборните резултати тој станал поумерен.

„Мислам дека не е доволна помошта само што се донесе декларацијата во Парламентот, туку да направи таа еден чекор повеќе за да се направи атмосфера, бидејќи верувам дека Мицкоски по овој резултат ќе стане многу поумерен во изјавите“, посочи Владо Бучковски.

Специјалниот пратеник и поранешен премиер на Македонија, во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 додаде дека треба да се отвори сериозна дебата во земјава за внесувањето на Бугарите во уставот.