Бугарија го потврди своето НЕ за РС Македонија-eве какви се условите

/

На денешната редовна седница на Советот за општи прашања на Луксембург бугарската страна повторно истакна дека е подготвена за конструктивен дијалог со словенечкото претседателство со Советот на ЕУ за наоѓање на взаемно прифатливо решение. Бугарија беше претставена на Седницата на Советот од заменик министерот за надворешни работи Румен Александров.
Александров потврди дека Декларацијата на Народното собрание и рамковната позиција на бугарската Влада остануваат во сила.

„Нашиот пристап е конструктивен и добронамерен, но очекуваме РС Македонија да пристапи кон спроведување во пракса на прифатените ангажмани на 17 јуни 2021 година во Софија. Тоа ќе ни дозволи да се придвижиме во позитивна насока“, изјави Румен Александров.
„РС Македонија треба да се откаже од територијални, малцински и историски претензии кон Бугарија. Потребна е промена на натписи на споменици кои што наметнуваат омраза кон Бугарија во РС Македонија. Треба да се активира и процес за рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунизам , репресирани поради својата бугарска самосвест. Независно од нашиот дијалог со РС Македонија , Бугарија настојува спроведувањето на Договорот од страна на РС Македонија да биде вклучено во условите на преговорната рамка за влез на Скопје во ЕУ“, подвлече Александров.

Бугарија даде висока оценка на Албанија за спроведените реформи и ја потврди својата поддршка за прифаќање на преговорната рамка на земјата.

Извор : tribuna.mk