Бугарија има најниска минимална плата во ЕУ од 332 евра, Луксембург е лидер со 2.257 евра

Најниската минимална плата во Европската Унија на 1 јануари годинава била во Бугарија и изнесувала 332 евра, а највисока имал Луксембург со 2.257 евра, објави Агенцијата за статистика на Европската Унија – Евростат.

По Бугарија, следуваат Летонија со 500 евра, Романија – 515, Унгарија – 542, Хрватска – 624, Словачка – 646, Чешка – 652, Естонија – 654, Полска – 655, Литванија – 730, Грција – 774, Малта – 792 и Португалија – 823 евра.

Во осум земји минималната плата е повеќе од 1.000 евра. Во Словенија изнесува 1.074, Шпанија – 1.126, Франција – 1.603, Германија – 1.621, Белгија – 1.658, Холандија – 1.725, Ирска – 1.775 и Луксембург – 2.257 евра.

Од земјите што не се членки на ЕУ, Црна Гора има најголема плата мерена според куповната моќ, и таа изнесува 888 евра. Во Турција е 810 евра, во Северна Македонија – 800 евра, во Србија – 790 евра и во Албанија – 401 евро, покажале резултатите на Евростат.

Шесте членки на Европската Унија – Данска, Италија, Кипар, Австрија, Финска и Шведска немаат законски пропишана минимална плата, но таа е одредена со колективни договори.

Текстот Бугарија има најниска минимална плата во ЕУ од 332 евра, Луксембург е лидер со 2.257 евра е превземен од МАКФАКС.