Бугарија ја избира новата влада на чело со Петков

По две преодни влади, серија избори и низа коалициски разговори, денеска ќе се одржи вонредна седница на 47. Народно собрание на која треба да се избере новата редовна влада на Бугарија, на чело со Кирил Петков од „Промената продолжува“.

Кабинетот на Петков ја презема државата со барање за нулта толеранција за корупција и амбиција за цел мандат од 4 години.

Вкупно пет вицепремиери се предложени од четирипартиската коалиција, а во новата влада остануваат тројца привремени министри, меѓу кои и преодниот премиер.

Потребен е кворум од 121 пратеник, а „Промената продолжува“, БСП, „Има таков народ“ и „Демократска Бугарија“ имаат 134 пратеници. Во салата ќе бидат присутни и претседателот Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова.

По пленарното гласање и полагањето заклетва, ќе започнат церемониите за наследување во извршната власт.

Текстот Бугарија ја избира новата влада на чело со Петков е превземен од МАКФАКС.