Бујар Османи: Барањето на Софија за внесување на Бугарите во Уставот е рамка за решение

Јас се обидувам ова да го читам како саморефлектирање и обид на Бугарија процесот да се внесе во порационални рамки за да се дојде до решение. Претходниот пристап не беше прифатлив ниту за државата и граѓаните, ниту за меѓународната заедница, вели министерот Османи во интервју за Слободен печат.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во новиот наратив на Бугарија и барањето Бугарите да се внесат во Преамбулата македонскиот Устав гледа обид на Софија процесот на барање на решение да се внесе во нови рамки, за да се најде решение. Следната билатерална средба на тимовите на македонското и бугарското МНР е договорена за втората половина на ноември, по изборите во Бугарија. Министерот смета дека по предизборната жешка реторика комуникацијата меѓу двете земји ќе се нормализира, а предупредува и дека ако во декември не ги почнеме преговорите со ЕУ, постои реална можност Албанија да се одвои во процесот, а Македонија да остане во изолација.

Целото интервју прочитајте го овде.