Бурно на Франција-Хрватска, Холанѓаните ја шокираа Унгарија

Ракометниот „класик“ помеѓу Франција и Хрватска во првото коло на Европското првенство на крајот заврши со заслужена 27:22 победа на „триколорите“, но беше одбележана со голем број на инциденти во второто полувреме, во кое во еден момент „коцкестите“ играа со три исклучувања!

Без Лука Циндриќ и Домагој Дувњак, Хрватите имаа лош старт во кој губеа со 2:7, по што Французите не го пропуштија водството до крајот на мечот. Во 48. минута од мечот, Хрватите добија две исклучувања, а потоа и Давид Мандиќ ги загуби нервите и го удри Кентин Мае, по што покрај црвениот картон доби и таканаречен син картон, кој значи дека ќе оди на дисциплинска комисија за неспортскиот потег.

Пред 20 илјади фанови во Будимпешта пак, домаќините Унгарија доживеаја студен туш и 31:28 пораз од Холанѓаните, кои ја имаа контролата во текот на целиот меч.

Во другите мечеви, во нашата група, Данска без проблеми со 30:21 ја победи Црна Гора, додека и Шведска стигна до убедлива 30:18 победа над Босна и Херцеговина.

ЕУРО 2022, УНГАРИЈА/СЛОВАЧКА

ГРУПА А

Данска – Црна Гора 30:21 (18:10)

ГРУПА Б

Унгарија – Холандија 28:31 (10:13)

ГРУПА Ц

Хрватска – Франција 22:27 (11:13)

ГРУПА Е

Шведска – Босна и Херцеговина 30:18 (17:11)

ГРУПА Ф

Норвешка – Словачка 35:25 (15:11)

 

Текстот Бурно на Франција-Хрватска, Холанѓаните ја шокираа Унгарија е превземен од МАКФАКС.