Чави (сепак) ќе биде новиот тренер на Барселона

Барселона успешно ги завршила преговорите со Ал Сад и во текот на денот ќе го промовира Чави Ернадез во нов тренер, тврди каталонски „Спорт“.

Ал Сад немаше намера да се откаже од тренерот, меѓутоа пресудил состанокот кој синоќа го имал Чави со шеикот Мохамед бин Калиф Ал Тани.

„Спорт“, пишува дека Чави, во текот на денот, заедно со високите функционери на Барселона, Рафа Јусте и Матеу Алемани, ќе се врати во Барселона. Тој веднаш ќе биде промовиран во нов тренер.

Јусте и Алемани, од вторникот, во Катар преговараа со Ал Тани.

И покрај тоа што ќе биде назначен за нов тренер, Чави нема да ја предводи Барселона во Виго против Селта.

Чави ќе дебитира за две недели, кога ќе заврши репрезентативната пауза, во градското дерби со Еспањол.

Текстот Чави (сепак) ќе биде новиот тренер на Барселона е превземен од МАКФАКС.