Чави веќе отпишал шестмина

Чави Ернандез го одработи првиот тренинг како тренер на Барселона. Поради репрезентативните обврски, од тренингот отсуствуваа голем број играчи од првиот тим. За да може да работи, Чави повикал седум мина од Барселона Б.

По првиот тренинг, новинарите во Барселона, имаат свои теории околу тоа како ќе изгледа неговиот тим. Многу од нив се согласни дека Чави нема да смета на шестмина фудбалери.

Според непотврдени информации, Чави му соопштил на претседателот Џоан Лапорта, дека во неговиот тим нема да има место за Лукд Де Јонг, Мартин Брејтвајт, Самуел Умтити, Нето, Клеман Ленгле, Филипе Кутињо.

Де Јонг ќе се врати во Севилја, додека на останатите ќе им биде соопштено дека можат да во јануарскиот преоден рок да го напуштат клубот.

Текстот Чави веќе отпишал шестмина е превземен од МАКФАКС.