Чеченскиот „ѕвер“ Чимаев се врати со давење за 2 минути: Ќе ги убијам сите!

Хамзат Чимаев имаше спектакуларно враќање во УФЦ кафезот по пауза од 13 месеци, „давејќи“ го противникот Ли Џинглијанг за само 2 минути по што им порача на сите ривали во УФЦ дека ќе ги убие.

Швеѓанецот со чеченско потекло имаше сензационален почеток на својата кариера со три нокаути во три меча, но потоа се зарази со КОВИД-19 и имаше долга пауза, пред да се врати на УФЦ 267 во саботата.

28-годишниот Чимаев успеа да го собори Ли на подот веднаш и откако противникот загуби свест по давењето, сериозно се закани на ривалите.

„Ќе ги убијам сите. Му кажав на Дејна Вајт: ‘Јас сум кралот тука, и ќе останам долго време. Ќе отидам по сите. Му кажав и на Ли дека ќе го убијам и го направив тоа. Тој заспа“, вели Чимаев, кој има низа од четири победи во четири меча.

pic.twitter.com/vw3ifMIaiY

— Takedown Defense (@ChillemThreebo) October 30, 2021

Текстот Чеченскиот „ѕвер“ Чимаев се врати со давење за 2 минути: Ќе ги убијам сите! е превземен од МАКФАКС.