Чех: Зошто Англичаните мораат во изолација, а Шкотланѓаните не?

Англиските фудбалски репрезентативци, Мејсон Маунт и Бен Чилвел се наоѓаат во изолација затоа што биле во близок контакт со заразениот шкотски фудбалер, Били Гилмор. Од друга страна, никој од редовите на шкотскиот национален тим, освен се разбира Гилмор, нема да го пропушти вечерашниот одлучувачки меч (21 часот на „Хемпден парк“) против Хрватска на ЕУРО 2020.

Шкотска и Хрватска во меѓусебниот дуел ќе одлучат која селекција ќе продолжи во осминафинале.

Поранешниот голман на селекцијата на Чешка – Петр Чех е зачуден од оваа одлука за карантин.

„Би замолил некој да ми помогне да разберам како е можно Мејсон Маунт и Бен Чилвел – двајцата со негативни резултати на тест за коронавирус – да мораат да одат во изолација по контактот со Били Гилмор, додека на цел шкотски тим кој со него делел соблекувална, хотел, автобус, авион во текот на патувањето, ресторан и соба за состаноци му е дозволено да игра меч без никакви проблеми само затоа што имал негативен тест. Која е разликата? Тоа е неразбирливо“ – порача Петр Чех.

Инаку во истиот термин додека Шкотска и Хрватска ќе го играат својот дуел, на мегдан на Чешка ќе и застане Англија. Двете селекции имаа по 4 бода од првите две кола во групата Д.

Текстот Чех: Зошто Англичаните мораат во изолација, а Шкотланѓаните не? е превземен од МАКФАКС.