Челниците на Рома бесни на арбитражата во Серија А: Доста беше!

Спортскиот директор на Рома, Тиаго Пинто се прашува зошто се така различни критериумите на фудбалските судии во Италијаи вели дека во клубот се чувствуваат оштетени по поразот од Милан со 2-1 во дербито на 11. коло во Серија А.

„Сакам да кажам дека Милан одигра одличен меч и можеби ја заслужија победата. Но треба нешто да се каже и за судењето. Зошто се критериумите толку различни? За иста ситуација во Серија А има тотално спротивен критериум.
Никој не ги разбира судиските критериуми. Во досегашните 11 меча имаше ситуации во кои Рома беше очигледно оштетена“ вели Пинто.

Тој напоменува дека е време да се каже `доста беше`.

„Не сакам да ги сокријам нашите грешки, но време е да се каже `доста беше`. Рома заслужува почит. Но тоа не е само наш проблем, сите мора да се изјасниме за судењето или ќе го загубиме кредибилитетот“ подвлече тој.

Текстот Челниците на Рома бесни на арбитражата во Серија А: Доста беше! е превземен од МАКФАКС.