Четири месеци се пишува законот за отпис на каматите на долговите

Граѓаните четири месеци чекаат Владата да го скори законот со кои се предвидува отпис на камати за долгови кон јавни претпријатија. Ова ветување беше дел од петтиот сет економски мерки претставен од Владата во февруари годинава. Од Министерството за правда појаснуваат дека доцнењето на овој закон е поради големиот број на институции кои треба да се искординираат како ќе функционира предлог законот. Конкретен одговор за тоа кога ќе биде составен законот и што ќе содржи не добивме.

Ова решение треба да биде резултат на меѓусебна соработка на повеќе министерства, бројни институции и органи. Министерство за правда започна со процес на координација и работни средби со засегнатите страни, со цел да се дефинира мерката. Може да се очекува дека набрзо истиот ќе се процесуира во предлог-законот влезе во владина постпака – велат од Министерство за правда.

Со најавеното законско решение според најавите требаше да има отпис на каматите на долговите на граѓаните кон јавните претпријатија, како што се Водовод, општините, сметките за комуналии, и сл. Од здружението „Човекот над профитот “ велат дека законот ќе им помогне делумно на граѓаните, но системските проблеми и натаму ќе останат нерешени за граѓаните.

Сметам дека овој закон ќе го донесат до месец септември но повторно системските решенија не се добиваат, Законот за облигациони односи, лимитот на каматата и пред се за застарувањето.Овој закон ќе олесни делумно но еве на пример приватните претпријатија наплаќаат огромни камати, тоа не може да се реши додека управните одбори на некои луѓе простуваат камати, тоа законот и државата треба да го одлучи – изјави Ана Глигорова- Здружение „Човекот над профитот“.

Во оваа мерка не се опфатени приватните претпријатија, односно нема да важи за сметките за струја, телефон, парно и сл. Според најавената мерка требаше да се отпишуваат каматите на долговите на граѓаните направени до ноември 2020 година, со обврска да се плати главнината на долгот за максимум 12 месечни рати.

Извор: zoom.mk