Четирите аргентински „престапници“ уживаат на Хвар

Емилијано Мартинез, Емилијано Буендија, Кристијан Ромеро и Џовани Ло Селсо по скандалот на мечот Бразил-Аргентина и „прогонот“ од страна на бразилските власти, уточиште нашле на хрватскиот остров Хвар.

Мечот Бразил-Аргентина во Сао Пауло беше прекинат по неколку минути игра од бразилската полиција и здравствените власти кои сакаа да ги протераат четирите фудбалери од Премиер лигата, бидејќи не биле во карантин од 14 дена кој е задолжителен за пристигнувања од Британија.

Сега, четворицата нашле начин како да избегнат 10-дневна изолација при враќањето во Велика Британија – ќе поминат неколку дена во Хрватска пред да се вратат на островото. Според аргентинскиот „Оле“, Тотенхем на Хвар го пратил својот кондициски тренер со кого Ло Селсо и Ромеро би се подготвувале, а најверојатно и Астон вила ќе се одлучи за ист потег за Мартинез и Буендија.

Текстот Четирите аргентински „престапници“ уживаат на Хвар е превземен од МАКФАКС.