Чикаго се први на Истокот, Дерозан и Вучевиќ го урнаа Бостон

Неколку интересни натпревари, изминатата ноќ, се одиграа во НБА лигата. Чикаго се искачи на лидерската позиција на Истокот со победата во Бостон, Торонто го изненади Њујорк. Индивидуално блескаа Пол Џорџ, Демар Дерозан, Ануоби и Балканците: Никола Јокиќ, Богдан Богдановиќ и Никола Вучевиќ.

Шестата победа во сезоната Чикаго ја забележаа во Бостон. Булс славеа со 128:114, откако ја стигнаа предноста на Селтикс од 19 поени. Дерозан постигна 37 поени, на Вучевиќ асистенција му недостигаше за трипл-дабл (11 поени, 10 скока, 9 асистенции).



Торонто го изненадија Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“. Репторс славеа со 113:104. Ануоби го предводеше тимот со 36 поени, десет повеќе од Трент јуниор. Со овој меч НБА симболично го обележа 75 роденден. На 1.ноември 1946, првиот меч го одиграа Њујорк Никс и Торонто Хаски.

Денвер Нагетс го запишаа третиот пораз во седмиот меч сезоната. Нагаетс играат лошо, со исклучок на Јокиќ немаат играч кој може да го повлече тимот. Денвер доживеа пораз во Мемфис 106:97. Џа Морент, во моментов најдобриот стрелец во лигата, го предводеше Мемфис со 26 поени, 7 скока и 8 асистенции.

Јокиќ забележа 23 поени, по 7 скока и асистенции и 4 блокади.

Атланта во интересен натпревар го победи Вашингтон со 118:111. Богдан Богдановиќ го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Постигна 16 поени на кои придодаде по шест скока и асистенции.

Овој меч влезе во историјата на НБА лигата. Двата тима не промашија ниту едно слободно фрлање, Атланта изведе 29, Вашингтон 16 слободни.

Текстот Чикаго се први на Истокот, Дерозан и Вучевиќ го урнаа Бостон е превземен од МАКФАКС.