Циципас: Често одам во тоалет за да се пресоблечам, не се работи за тактика

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас често е цел на критики поради тоа што прави чести паузи во текот на еден меч меѓу сетовите за да отиде во тоалет. Момчето од Атина во разговор за германски „Билд“ истакнува дека не се работи за никаква тактика со која би сакал да го наруши ритамот на противникот.

„Не, мојата цел не е да нарушам нечиј ритам и тоа не е моја тактика. Секогаш гледам само на себе и не обрнувам внимание на противникот“, вели Циципас.

Тој наведува дека во тоалет оди за да се прособлече, затоа што сака да игра во чиста опрема затоа што така подобро се чувствува.

„Дури и кога ќе добијам сет со 6:0 и тогаш одам во тоалет за да се пресоблечам. Тоа колку пати одам во тоалет зависи од условите. Ниту еднаш тоа не го сторив во Индијан Велс затоа што беше суво, не се потев толку како во Синсинати и на САД опен“,  рече грчкиот тенисер.

Циципас е незадоволен што на многу турнири времето кое играчот може да го помине во тоалет е ограничено.

„Тоа не би требало да е ограничено. Со чиста и сува облека се чувствувам поконфорно и посвежо. Потта ми пречи. Секој тенисер треба самиот за себе да одлучи колку пати ќе оди во тоалет“, вели Циципас.

Текстот Циципас: Често одам во тоалет за да се пресоблечам, не се работи за тактика е превземен од МАКФАКС.