Циципас: Новак сам си ги одредува правилата, не направи сите будали

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас не е импресиониран од однесувањето на светкиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ, оценувајќи дека Србинот си „игра по сопствени правила“ и така го ризикува целиот Австралија опен турнир.

Ѓоковиќ уште исчекува конечна одлука дали ќе му биде дозволено да остане во Мелбурн и да оди на 10-та титула од гренд слем турнирот, откако ја доби судската битка по бурни неколку дена во Австралија.

Циципас, кој загуби од Ѓоковиќ во финалето на Ролан Гарос минатата година, јасно ја кажа својата позиција.

„Тој си игра по сопствени правила. Никој не би си помислил: ‘Ќе дојдам во Австралија невакциниран и нема да ги следам протоколите кои ми ги даваат’. За Новак, работите функционираат поинаку. Тоа бара многу храброст. Да се постави гренд слем под ризик – малку тенисери би го направиле тоа. Има два начини да се гледа на тоа – еден е дека речиси сите тенисери се вакцинирани и го направија тоа што е потребно да играат во Австралија. Ги следевме протоколоите за да дојдеме тука. Мал дел од тенисерите решија да го прават тоа на свој начин. Така ние другите изгледаме како будали“, вели Циципас.

Текстот Циципас: Новак сам си ги одредува правилата, не направи сите будали е превземен од МАКФАКС.