Црна Гора го продолжи „походот“ и ја декласираше Хрватска

Црна Гора, засега, е најголемата сензација на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако во едностран меч успеа да ја декласира фаворизираната Хрватска со 32:26 за одличен старт на втората рунда на шампионатот.

По Македонија и Словенија, на патот на Црногорците како пречка се исправија „каубојците“, но од стартот на мечот се виде дека тие се далеку помотивирани за да стигнат до неверојатна предност од шест гола на полувреме (15:9). Предводени од фантастичниот Симиќ на голот (кој заврши со нереални 14 одбрани), Црногорците го оддржуваа водството и во второто полувреме за голема победа.

Во првиот меч од втората група, во судирот на старите ракометни сили, Шведска и Русија, „трите круни“ стигнаа до убедлива 29:23 победа.

ЕУРО 2022, ВТОРА РУНДА

ГРУПА 1

Црна Гора – Хрватска 32:26 (14:9)

Франција – Холандија 18.00 ч.

Данска – Исланд 20.30 ч.

ГРУПА 2

Шведска – Русија 29:23 (16:13)

Германија – Шпанија 18.00 ч.

Полска – Норвешка 20.30 ч.

 

Текстот Црна Гора го продолжи „походот“ и ја декласираше Хрватска е превземен од МАКФАКС.