Црногорците без селектор против Македонија – Рогановиќ повторно позитивен на коронавирусот

Црногорскиот селектор, Зоран Рогановиќ, нема да ја предводи репрезентацијата, вечерва против Македонија на Европското првенство.

Рогановиќ, поради пред стартот на првенството беше позитивен на коронавирус. Тој остана во Црна Гора, првиот натпревар на неговите избраници против Данска го следеше од својот дом. Во улога на селектор беше спортскиот директор, Драшко Мрваљевиќ.

Во меѓувреме, Рогановиќ добил негативен тест, тој пристигна во Дебрецин каде доживеа ново непријатно изненадување. Веднаш по пристигнувањето брзиот тест покажал негативен резултат.

Тој добил дозвола да влезе во хотелот и да го води претпладневниот тренинг.

Задолжителното тестирање на сите во репрезентацијата по тренингот, покажало дека тој е позитивен на коронавирусот.

Делот со Македонија, наместо од теренот, тој ќе го следи од хотелската соба.

Текстот Црногорците без селектор против Македонија – Рогановиќ повторно позитивен на коронавирусот е превземен од МАКФАКС.