Црвена звезда го претстави Кристијан Пичини

Фудбалскиот клуб Црвена звезда го претстави најновото засилување. Искусниот Италијанец, Кристијан Пичини, до јуни 2024 година ќе го носи црвено-белиот дрес.

Пичини, пред неколку дена го раскина договорот со Валенсија, кој му истекуваше на крајот од сезона и веднаш ја прифати понудата од Белград.

Годишно ќе заработува 600.000 евра.

„Првите импресии се неверојатни, Црвена звезда е голем клуб. Го избрав бројот 24, овој број го носев и во Валенсија. Прв пат сум во Србија и на Маракана. Утре ќе им се приклучам на новите соиграчи во Анталија. Со нетрпение го очекувам првиот тренинг“, рекол Пичини.

Пичини во кариерата играл за Аталанта, Фиорентина, Ливорно, Специја, Спортинг Лисабон, Бетис и Валенсија. Играл за сите младински селекции на италијанската репрезентација, за сениорскиот тим настапил на три натпревари.

Текстот Црвена звезда го претстави Кристијан Пичини е превземен од МАКФАКС.