„Дајте му Златна топка на Левандовски, или јас ќе му ја дадам мојата“

Во модерниот фудбал името на Луис Суарез воглавно се поврзува со одличниот напаѓач на Атлетико Мадрид кој претходно беше ударна игла во офанзивниот ред на Барселона, Ливерпул, Ајакс. Сепак Уругваецот има славен претходник.

Се работи за 86-годишниот Луис Сузрез Мирамонтес кој во далечната 1960 година ја освоил Златната топка.

Шпанецот, кој е еден од најдобрите европски фудбалери на средината на минатиот век смета дека Златната топка без размислување годинава треба да оди кај полскиот голгетер Роберт Левандовски.

„Дајте му ја Златната топка на Роберт Левандовски, ако тоа не го сторите, јс ќе му ја дадам мојата“ вели Луис Суарез.

Се чини дека полскиот голгетер уште минатата сезона требаше да го добие вредното признание, но и годинава тој е најсериозниот кандидат за оваа награда.

Конкуренција на напаѓачот на Баерн Минхен му се Жоржињо (Челси), Мохамед Салах (Ливерпул), Карим Бензема (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ), како и ветераните – Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Инаку, Мирамонтес е поранешен шпански репрезентативец кој настапувал за 5 клубови, од кои најпознати се Барселона и Интер.

Текстот „Дајте му Златна топка на Левандовски, или јас ќе му ја дадам мојата“ е превземен од МАКФАКС.