Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“

Дакота Џонсон преговара за главна улога во Марвеловиот филм Madame Web, спиноф на „Спајдермен“.

Според „Дедлајн“, 32-годишната актерка треба да глуми во адаптацијата на „Сони“ на Марвеловиот стрип.

Филмското студио, наводно, имало средби со неколку ѕвезди од т.н. А-листа, но сега се насочуваат кон Џонсон, која се смета за фаворит за улога во филмот.

Иако договорот сè уште не е потврден, се смета дека ѕвездата на Fifty Shades („Педесет нијанси“) е избрана за главната улога на Касандра Веб.

Мадам Веб беше првата суперхероина што се појави во универзумот на Марвел, а своето деби го имаше во Неверојатниот Спајдермен # 210 во 1980 година.

Текстот Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“ е превземен од МАКФАКС.