Дали е ова рекорд? Голманот на Мозамбик направи пенал по 4 секунди игра!

Репрезентативниот голман на Мадагаскар, Мелвин Адријен најверојатно влезе во историјата откако направи пенал по само 4 секунди игра во мечот од квалификациите за СП 2022 против Танзанија во вторникот.

Веднаш по стартот, гостите ја пратија топката кон неговиот гол, а лошата интервенција на одбраната значеше дека Адријен, кој игра во францускиот нисколигаш Мартиг, излета како лудак напред и го собори напаѓачот на Танзанија, Сајмон Мсува.

Судијата веднаш покажа на белата точка, а Ераст Едвард Њони ги донесе Танзанија во водство. Мадагаскар, сепак се врати од 0:2 до 2:2, пред во второто полувреме да го загубат мечот со 3:2. Мадагаскар има 0 поени во квалификациската група.

every soccer match should start off like this pic.twitter.com/3kPaHDQEfF

— Timothy Burke (@bubbaprog) September 7, 2021

Текстот Дали е ова рекорд? Голманот на Мозамбик направи пенал по 4 секунди игра! е превземен од МАКФАКС.