Дарина Фес: Русија и Русите веќе го прекинаа секој можен соживот

Дарина Фес, украинска уметница, за да се спаси од војната, прво го напуштила главниот град на Украина, Киев, потоа заминала во Лавов, за да на крај отиде во Унгарија заедно со својата свекрва, каде сега почнала да работи со цел да си помогне себеси и на семејството.

Таа вели дека после оваа војна, која Русите ја започнаа на 24 февруари, соживотот е невозможен. Фес е категорична дека ова не е конфликт, не е операција за заштита, туку е агресивна војна против Украина. Додава дека руските сили убиваат цивили, деца, уништуваат згради, архитектура, цели градови. Иако Артисти во ризик нудат помош и сместување за украинските уметници ширум Европа, сепак таа не ја искористила оваа можност, пишува Фактор.мк.

„Не, решив да не барам помош во уметничките резиденции. Всушност, немав време да аплицирам (додека одев во засолниште, се обидував да го евакуирам семејството) и би било малку тешко да најдеме сместување какво што ни треба и да се преселиме таму. Затоа решив да ја искористам можноста што ја имав да се преселам во Лавов, потоа во гратчето кај моите роднини и потоа во Унгарија. Сега избирам да работам повеќе, бидејќи ја имам оваа можност, за да можам да ѝ помогнам на нашата економија во иднина и на моите пријатели сега. Што се однесува до уметноста, не ја гледам како прв приоритет додека војната трае. Животите на луѓето се поважни. Се разбира, уметноста е една од формите за помош, но во мојата ситуација имам други подобри начини. Верувам дека има уметници на кои им треба помош и за кои ова е одлична можност да се осигураат и да го направат најдоброто што можат. Ова е и причината да не се пријавам, не сакам да заземам нечие место, кога можам сама да се снајдам. Но, овие повици не можат да бидат во исто време за Украинците и Русите/Белорусите, во овој случај, и изгледа дека организацијата што го упатува овој повик не се мачи да разбере што се случува. Дефинитивно никогаш не би се пријавила за Артисти во ризик“, вели Фес.

Целиот напис прочитајте го овде.