Депај се израмни со Кројф и ја растури Турција, Хрватска ја доби Словенија, Србија „стопирана“ во Даблин

Мемфис Депај постигна хет-трик, а Холандија стигна до убедлива 6:1 победа над Турција за да го заддржи првото место во групата Г, Хрватска го доби соседското дерби со Словенија со 3:0, а Србија пропушти триумф на гости кај Ирска.

Депај прво ми асистираше на Дејви Класен само што почна мечот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, за во 16. минута да зголеми на 2:0, а во 38. минута од белата точка да го постигне вториот гол. Играта на Турците се „распадна“ откако втор жолт картон доби Чаглар Сојунџу, за Депај во 54. минута да го комплетира хет-трикот. Гус Хил од Феенорд во 80. минута зголеми на 5:0, Донјел Мален во 90. минута даде гол за 6:0, пред Ченгиз Ундер да даде гол за Турција во 92. минута. Со хет-трикот, Депај се израмни со легендарниот Јохан Кројф со 33. гола за „оранје“.

Во Сплит пак, Хрватска стигна до 3:0 победа над Словенија со головите на Марко Ливаја (33.), Марио Пашалиќ (66.) и Никола Влашиќ (90.) за „коцкестите“ да го делат првото место со Русија во својата група, а Србија пропушти да се израмни со Португалија откако одигра 1:1 во Даблин – Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 20. минута донесе водство за гостите, пред Никола Миленковиќ во 87. минута да си постигне автогол.

Чекор поблиску до Мундијалот се и Франција по 2:0 победата над Финска со двата гола на препородениот Антоан Гризман, како и Данска, која со 5:0 го декласираше Израел.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА А

Ирска – Србија 1:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1757-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Д

Босна и Херцеговина – Казахстан 2:2

Франција – Финска 2:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1760-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

Австрија – Шкотска 0:1

Данска – Израел 5:0

Фарски Острови – Молдавија 2:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1762-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Г

Црна Гора – Летонија 0:0

Холандија – Турција 6:1

Норвешка – Гибралтар 5:1

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1763-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Х

Хрватска – Словенија 3:0

Русија – Малта 2:0

Словачка – Кипар 2:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1764-35021”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

ХОЛАНДИЈА – ТУРЦИЈА

ХРВАТСКА – СЛОВЕНИЈА

ИРСКА – СРБИЈА

ФРАНЦИЈА – ФИНСКА

ДАНСКА – ИЗРАЕЛ

НОРВЕШКА – ГИБРАЛТАР

АВСТРИЈА – ШКОТСКА

Текстот Депај се израмни со Кројф и ја растури Турција, Хрватска ја доби Словенија, Србија „стопирана“ во Даблин е превземен од МАКФАКС.