Ди Марија: Сите се обидуваме да му помогнеме на Меси

Анхел ди Марија во интервју за „ЕСПН“ открива дека фудбалерите на Пари Сен-Жермен прават што е возможно да му помогнат на Лионел Меси да се адаптира во Париз откако цела кариера ја помина во Барселона.

Аргентинецот, кој неодамна ја освои својата седма „Златна топка“, имаше спор старт во ПСЖ и за првиот гол во Лига 1 чекаше до 20 ноември против Нант, но Ди Марија вели дека тој полека се вклопува во тимот.

„Мислам дека на последниот меч против Бриж покажавме дека можеме да играме добро. Нормално е да има многу очекувања по пристигнувањето на Меси, но некои луѓе мислеа дека сега секој меч ќе го добиваме со 4:0 или 5:0. Но, фудбалот не е таков. Тој е среќен дома со неговото семејство, неговите деца се во училиште и сите се обидуваме даму го направиме животот полесен. Во фудбалот работите се движат полека – за него е предизвик да се навикне на новиот играчи и на новиот начин на игра – ние играме брзо во нападот, додека во Барса играа со посед на топката“, вели Ди Марија.

Тој исто така застана во одбрана на тренерот Маурисио Почетино.

„Не му е лесно на Почетино. Само 11 луѓе може да стартуваат и тој мора да работи со тоа. Не е лесно сите да се среќни, а тој се обидува да го направи најдоброто за тимот“, додава Ди Марија.

Текстот Ди Марија: Сите се обидуваме да му помогнеме на Меси е превземен од МАКФАКС.