Димитриеска-Кочоска: Податоците од анкетата на ИПИС јасно покажуваат дека народот верува во ВМРО-ДПМНЕ

Анкетата на ИПИС во суштина го покажува она што народот го мисли и чувствува. А тоа е дека овој народ не ѝ верува на Владата и нема доверба во премиерот. Од друга страна, податоците од анкетата јасно покажуваат дека граѓаните му веруваат на ВМРО-ДПМНЕ и од тука е толку големата предност. А да кажеме и дека претседателот Мицкоски има и двојно поголема предност во однос на премиерот, истакна Гордана Димитриеска-Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, при увидот на градежните активности во изградба на пожарна станица во Свети Николе во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Димитриеска-Кочоска додаде дека ова, од една страна, за ВМРО-ДПМНЕ е и многу голема обврска, но и задача или задолжение да се бори за работите што граѓаните ги бараат.

„Морам да кажам дека анкетата ја покажува волјата на народот, но истовремено покажува и дека СДСМ поради тие податоци што ги има и знае, во суштина бега од избори, точно поради тоа и не сака воопшто да влезе ниту во дијалог. Значи, нивното однесување е комплетно антидржавно, посветени се комплетно на маркетинг, на ПР, сè со цел да се обидат на некој начин да ги скријат овие податоци, кои, повторно ќе кажам, јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е далеку пред СДСМ“, нагласи Димитриеска-Кочоска.

Таа посочи дека поради тоа, ВМРО-ДПМНЕ вели дека е време за избори. Но, СДСМ, додаде, очигледно е дека не сака да се соочи со народот, кој јасно покажува дека ѝ верува на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот Димитриеска-Кочоска: Податоците од анкетата на ИПИС јасно покажуваат дека народот верува во ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.