Димитриевски ја сочува мрежата, Рајо со реми без голови против Селта

Рајо Валјекано не успеа да запише нова победа во последниот меч од 12. коло во шпанската Ла Лига одигрувајќи 0:0 против Селта Виго во меч во кој гостите имаа повеќе од играта, но мрежата на мадридскиот клуб ја сочува македонскиот голман Столе Димитриевски.

По победата над Барселона, Рајо со победа можеше да се искачи на четвртото место на табелата, но по одличниот старт, во кој Радамел Фалкао имаше една одлична шанса, Селта се покажа како подобар противник со повеќе шанси во нападот и поголема контрола на играта.

Димитриевски во 55. и во 67. минута ги одбрани одличните слободни удари на капитенот на Селта, Браис Мендез.

Графика: Sofascore за Тоспорт.мк

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Текстот Димитриевски ја сочува мрежата, Рајо со реми без голови против Селта е превземен од МАКФАКС.