Димитров: Новиот пристап ќе донесе резултати во корист на Бугарија, ова е „салама тактика“

Поранешниот вицепремиер за европски прашања, Никола Димитров, предупреди дека новиот пристап во односите со Софија би дале резултати, но во полза на Бугарија.

Тој на социјалните мрежи напиша дека Софија прифатила да го користи краткото име, нешто што, како што вели Димитров, само по себе не е наш проблем, туку нивен и нивно барање.

„За ова неосновано барање да биде прифатено, ние пративме нота до ОН, што Софија ја бараше две години и не ја добиваше, без притоа да направи каква било отстапка.
Сега ова биле резултатите со новиот пристап“, пишува Димитров.

Понатаму, тој додаде дека додека бил на функцијата вицепремиер за европски прашања, се држел до пристапот дека ништо не е договорено додека не се договорат сите прашања. Но, сега пристапот и суштината се сменети во салама тактика.

Текстот Димитров: Новиот пристап ќе донесе резултати во корист на Бугарија, ова е „салама тактика“ е превземен од МАКФАКС.