Димитров се сретна со Олин Ветингтон од Меѓународниот републикански институт

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања денеска оствари средба со Олин Ветингтон, член на Управниот одбор на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), придружуван од Илина Мангова, раководителка на програмата на ИРИ во Северна Македонија.

На состанокот стана збор за актуелни прашања на домашен и меѓународен план, вклучително и статусот на евроинтегративниот процес на Северна Македонија и очекувањата за надминување на предизвиците.

Вицепремиерот Димитров ја истакна поддршката на Меѓународниот републикански институт за јакнење на демократските процеси и капацитети на Северна Македонија, кои достигнувања беа нотирани во Извештајот на ЕК за земјата објавен месецов.

„Процесот на европска интеграција е главниот двигател на реформската агенда дома, насочена токму кон европските вредности и стандарди, но го одразува и ангажманот на ЕУ и поддршката од САД за стабилност и просперитет на регионот. Почетокот на пристапни преговори на Северна Македонија со ЕУ подразбира и отпочнување на следното поглавје во развојот и напредокот на регионот, но и унапредување на изградените стратешки партнерства и споделената визија“, рече Димитров.

Претставникот на ИРИ ја нагласи заложбата за продолжување на соработката во областите од стратешка важност и поддршката за проектите во кои се рефлектирани споделените вредности.

Текстот Димитров се сретна со Олин Ветингтон од Меѓународниот републикански институт е превземен од МАКФАКС.