Дизелот поевтинува, цените на бензините остануваат непроменети

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 15.11.2021 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,607 денари за килограм и сега ќе изнесува 41,245 денари за килограм.

Од 23.11.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари за литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари за литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари за литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари за литар)

Мазут М-1 НС 41,245 (денари за килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот за 1,511%, кај дизелот за 4,234 %, кај екстра лесното масло за 4,294 % и кај мазутот намалување е за 3,366% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,356 % .

Текстот Дизелот поевтинува, цените на бензините остануваат непроменети е превземен од МАКФАКС.