Дмитриј Песков: „Русија ќе го пренесе својот концепт за безбедносна визија на САД“

Кремљ има намера да го пренесе својот концепт за визијата за безбедност во Европа на САД и НАТО, изјави денеска за новинарите портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, додавајќи дека се работи на релевантен документ.

Тој посочи дека Москва работи на дефинирање на концептот на својата визија во однос на безбедносните гаранции и потребата да се запре ширењето на НАТО на истокот, пренесе ТАСС.

„Путин му кажа на американскиот претседател Џозеф Бајден дека бргу ќе подготвиме таков документ, во рок од една недела, и дека ќе им го предадеме“, рече Песков.

Текстот Дмитриј Песков: „Русија ќе го пренесе својот концепт за безбедносна визија на САД“ е превземен од МАКФАКС.