До 17 часот во Скопје најголем одѕив во Карпош

До 17 часот на гласање во вториот круг од локалните избори во 44 општини и во град Скопје излегле 42,85 отсто од запишаните гласачи.

Општина со најголем одѕив и до 17 часот е Вевчани каде на гласање веќе излегле 75,6 отсто од гласачите, а се уште најмал одѕив има во Сарај, 23,41 отсто.

Одѕивот за град Скопје до 17 часот е 39,99 отсто, односно по општини – Бутел 36,65 отсто, Гази Баба 38,18 отсто, Ѓорче Петров 40,76 отсто, во Карпош одѕивот е најголем и изнесува 39,9 отсто, Шуто Оризари 27,48отсто.

Портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугуческа попладнево соопшти дека биле поднесени вкупно 433 приговори од кои 378 се прифатени, 34 се одбиени, а 21 лице кое поднело приговор, било најдено во Избирачкиот список.

Во сите досегашни пресеци одѕивот во вториот круг беше поголем отколку во првиот круг. До 17 часот во првиот круг гласале 40, 98 отсто од запишаните гласачи.

Претседателот на ДИК Александар Даштевски, во претходните пресеци рече дека очекува граѓаните помасовно да излезат на гласање во последните два часа до затворањето на гласачките места во 19 часот. Тој најави продолжување на гласањето на неколку места на кои прекините беа подолги од еден час.

Текстот До 17 часот во Скопје најголем одѕив во Карпош е превземен од МАКФАКС.