Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за коронавирус за 50 евра.

Случајот го истражува и Лекарската комора на Словенија.

Обвинетата докторка на новинарите им рекла дека ги издала сертификатите врз основа на наодите што докажуваат присуство на антитела во телото, но тоа не е пропишан и валиден начин да се потврди дека некој го прележал коронавирусот.

Како што се наведува, за сертификат потребен е позитивен тест за ПЦР постар од десет дена и не постар од 180 дена. Една новинарка ѝ се претставила на докторката како личност која била во контакт со заразено лице, но не била тестирана.

Лекарката ѝ рекла дека нема проблеми и дека ќе ѝ издаде потврда за 50 евра, под услов да биде тестирана за присуство на антитела.

Лекарската комора потврди дека добила пријава против докторката, но нема да ги открие деталите до крајот на постапката, пишува 24ur.

Текстот Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19 е превземен од МАКФАКС.