Доналд Трамп ќе биде коментатор на камбекот на Холифилд

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе биде посебен гостин и коментатор на камбекот во рингот на Ивандер Холифилд против поранешната УФЦ ѕвезда, Витор Белфорт на Флорида овој викенд.

Трамп, кој честопати беше поврзуван со спортовите како кечерите и УФЦ, ќе биде пред микрофонот во дуелот на двата ветерани, заедно со неговиот Доналд Трамп Јуниор, а најавите се дека „нема да има филтер“, ниту ограничувања на јазикот во мечот од осум рунди.

„Сакам големи фајтери и големи борби. Едвај ја чекам борбата во сабота вечер да ги споделам моите размислувања. Нема да сакате да ја пропуштие оваа специјална вечер“, изјави Трамп.

Промотерите го повикаа Трамп откако од мечот се повлече Оскар де ла Хоја, кој требаше да влезе во рингот со Белфорт, пред да добие КОВИД-19.

Текстот Доналд Трамп ќе биде коментатор на камбекот на Холифилд е превземен од МАКФАКС.