Дончиќ не може сам – Пораз на Далас од Мајами

Мајами Хит славеа победа над Далас Маверикс (125:110), изминатата ноќ во НБА лигата. Колективот на Хит беше посилен од Лука Дончиќ кој го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната. Покрај Мајами, победи забележаа Милвоки Бакс, ЛА Лејкерс, Јута Џез и Финикс Санс.

Мајами со победата против Далас се израмнија со Чикаго Булс, на челната позиција во Источната конференција. Двата тима имаат шест победи и еден пораз.

Мајами, со тимска игра го победија Маверикс. Прв пат во клупската историја четворица играчи постигнаа најмалку 22 поени.

Тајлер Хирого предводеше тимот со 25 поени, Џими Батлер уфрли 23, а по 22 поени постигнаа Кајл Лаури и Бем Адебајо.

На спротивната страна на ниво беа само тројца кошаркари. Лука Дончиќ мечот го заврши со 33 поени, пет асистенции и три скока, Џејлен Браун постигна 25, а Тим Хардавеј јуниор 17 поени.

Резултати:

Детроит Пистонс-Милвоки Бакс 89:117
Јута Џез-Сакраменто Кингс 119:113
Финикс Санс-Њу Орлеанс Пеликанс 112:100
ЛА Лејкерс-Хјусотн Рокетс 119:117



Текстот Дончиќ не може сам – Пораз на Далас од Мајами е превземен од МАКФАКС.