Дончиќ со трипл-дабл, дабл-дабл за Вучевиќ, Јокиќ и Богдановиќ

Кошаркарите од просторите на поранешна Југославија имаа блескаа изминатата ноќ во НБА лигата. Лука Дончиќ забележа трипл-дабл, на Никола Јокиќ му недостигаше асистенција за таков учинок, а дабл-дабл запишаа Никола Вучевиќ и Бојан Богдановиќ.

Далас Мавњерикс славеа победа над Филаделфија 107:98. Доночиќ мечот го заврши со 33 поени, 13 скокови и 15 асистенции. Словенецот го запиша 44.трипл-дабл во кариерата и се искачи на десеттото место на вечната листа.

Никола Јокиќ, се врати во тимот на Денвер Нагетс, откако поради повреда го пропушти дуелот со Јута. Денвер го победија Њу Орлеанс со 113:105. Јокиќ забележа 25 поени, 12 скокови и девет асистенции.

Чикаго Булс славеа 33.пат од почетокот на сезоната и се зацврстија на првата позиција вом Источната конференција. Во победата над Индијана Пејсерс од 122:115, Црногорецот Вучевиќ запиша 36 поени и 17 скокови.



Јута, во дербито го победија Бруклин со 125:102. Донован Мичел беше најефикасен со 27 поени, Бојан Богдановиќ забележа 19 поени и 11 скокови.

Другиот Богдановиќ од Атланта Хоук, во поразот на својот тим од Торонто Репторс 125:114, имаше учинок од 18 поени, пет асистенции и по четири скока и украдени топки.

Текстот Дончиќ со трипл-дабл, дабл-дабл за Вучевиќ, Јокиќ и Богдановиќ е превземен од МАКФАКС.